Акција за расчистување на Општина Центар

Акција за чистење на Центар

Акција за чистење на дивите депонии и јавните површини се спроведува во Општина Центар. Во акцијата се вклучени вработените во јавните комунални претпријатија, општинската администрација, граѓани и доброволци преземени од Агенција за вработување преку Градот Скопје.



Општина Центар во соработка со Градот Скопје и Јавните претпријатија спроведува акција за чистење на дивите депонии и јавните површини на територија на општината. Со акцијата ќе бидат опфатени старите и исушени дрвја и сувите гранки, како и две диви депонии со смет од храна, предмети од домаќинството и облека.


Акцијата за чистење на Центар се спроведува на 6 пункта, со камиони се чистат депониите на улица ,,Самоилова,, на Кале и во Крњево, позади Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,,, а на оние места каде што се отстрануваат оштетените и стари дрвја, општината ќе засадени нови. Во оваа кација вклучени се сите јавни претпријатија и 200 лица ангажирани од градот, како и вработени од општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.