Граѓаните да помогнат да се открие кој фрла отров за кучиња, апелира градоначалникот на о. Центар

Општина Центар

Граѓаните да помогнат во откривањето на луѓето кои фрлаат отров против кучињата во Скопје, апелираат градоначалникот на општина центар Саша Богдановиќ и од полициската станица Центар. Како што информираше градоначалникот Богдановиќ предвидени се и парични награди за граѓаните кои ќе пријават или достават каков било релевантен податок. Во општина Центар дневно стигнуваат по четири до пет пријави за расфрлан отров на разни локации.


Според градоначалникот Богдановиќ, од немилиот настан со ротвајлерот во четвртокот вечерта, се спроведуваат акции на отстранување отрови против кучиња кај Клубот на новинари, во Капиштец, кај катната гаража - Буњаковец, кај Државна болница,...


Заменик-командирот на полициската станица Центар Милисав Мијаличиќ повика сите кои чуваат миленици, да ги шетаат со поводник и маски како што предвидува Законот за благосостојба на животните.


Општина Центар смета дека фрлањето отров против кучињата е организирана акција, а не на поединци зашто, како што посочи градоначалникот, отров се фрла точно каде што живеат луѓе кои чуваат домашни миленичиња.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.