Општина Центар повикува да се чисти снегот пред влезовите

Општина Центар

Комуналната инспекција на општина Центар ги предупредува субјектите согласно Законот за комуналните дејности да го исчистат просторот пред влезовите. Општина Центар соопшти дека нејзините вработени и зимската служба ноќеска ги исчистиле сите улици кои се под нејзина надлежност.


- Континуирано се чистат улиците во Мало Курило, Долно Водно и Водно. Исчистени се и улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Пролет“ и сите приоди до градинките и до училиштата.  Во текот на ноќта фрлени се 50 тони сол или вкупно, со почетокот на снегот, фрлени се 110 тони сол на улиците во Центар.  Се чисти со неопходната механизација, но и рачно вработените ги чистат улиците и тротоарите, соопшти Центар.


Оттаму додаваат дека надлежните се подготвени доколку повторно падне снег да излезат на терен и да ги исчистат сите критични точки и улици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.