Воспоставена соработка меѓу општините Центар од Скопје и Сараево

Соработка меѓу општини од Скопје и Сараево

Општините Центар од Скопје и од Сараево потпишаа Меморандум за воспоставување соработка помеѓу овие две општини. Крајната цел на воспоставување на оваа соработка е  реализација на проекти од заеднички интерес и интересите на граѓаните на двете општини во областа на економијата и локален економски развој, туризмот, културата, образованието, заштитата на животната средина и спортот, соопшти општина Центар. 


Ова е договорено за време на посетата на делегацијата на општина Центар, предводена од градоначалникот Саша Богдановиќ на општина Центар од Сараево. 


Од општина Центар додаваат дека оваа посета доаѓа во време кога високи делегации од Босна и Херцеговина и Македонија работат на меѓудржавна соработка.


Градоначалник Богдановиќ рече дека посетата е организирана со цел размена на искуства во решавањето на заедничките проблеми на граѓаните што ги имаат овие две општини. Ќе се користат позитивните искуства на нашиот заеднички пат кон Европската унија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.