Градоначалникот Богдановиќ се вклучи во продажба на списанието „Лице в лице“

Саша Богдановиќ

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска се сретна со претставници на меѓународната мрежа на уличен печат „Лице в лице“.


Богдановиќ, како што информира општина Центар, ја мапираше првата зона „Лице в лице“ и активно се вклучи во продажба на списанието.


- Општина Центар е подготвена да поддржи активности за помош на сите ранливи категории. Како општина и јас како градоначалник осудуваме дискриминација од секаков вид, а особено на лицата кои чесно и достоинствено заработуваат за живот, изјавил Богдановиќ.


Договорено е потпишување Меморандум за соработка, а градоначалникот и советниците ќе се вклучат во промоција на концептот „Лице в лице“ заедно со продавачите.


Во општина Центар ќе се одбележа сите кафулиња и угостителски објекти, каде што се добредојдени продавачите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.