Проектот “Центар се грижи за возрасните“ стартува во април

“Центар се грижи за возрасните“

Oд месец април општина Центар продолжува со проектот „Центар се грижи за возрасните“. Општината ги повикува сите лица-пензионери, жители на Центар од 23.03.2018 година (петок) во Архивата да ги поднесат апликацијата и неопходни документи.

 

Апликантите, или нивни блиски, треба да поднесат фото-копија  од лична карта, фото-копија од потврда за пензија и фото-копија од   медицински документ за здравствена состојба. Пријавите ќе ги разгледува стручна комисија, која при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето кое аплицира за помош. Со проектот ќе бидат опфатени 90 лица.

 

Оние граѓани кои ќе добијат вакви субвенции, како и досега првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега.


Потоа, земајќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.

 

Лиценцирани негуватели ќе ги посетуваат лицата 3 пати неделно.Оваа година е предвиден поголем буџет за проектот и на барање на граѓаните, возрасните лица на располагање ќе имаат и физиотерапевт, медицинска сестра и психолог во зависност од потребите на корисниците.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.