Ќе се подобрува енергетската ефикасност во станбениот сектор во Центар

Општина Центар

Општина Центар презема обврска да ги поддржи реконструкциите на станбените згради, реконструкцијата на покривна конструкција и поправка и санација на лифтовите на станбените згради, каде ќе има учество и е предвидено во програмата за енергетска ефикасност на станбени објекти. Јавните повици за заинтересираните граѓани ќе бидат објавени за 10 дена.



Подобрување на енергетската ефикасност во станбениот сектор цо Општина Центар е целта на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу општината и Здружението за хмано домување Хабитат кои се обврзаа дека ќе учествуваат во реконструкцијата на покривна конструкција и поправка и санација на лифтовите на станбените згради. Ова ќе придонесе до подобрување на условите за домување во станбените згради, јакнење на свеста за енергетска ефикасност, како и зголемување на свеста за сопствено учество во одржувањето на станбените згради. Општина Центар ќе преземе обврска да ги поддржи реконструкциите на станбените згради, каде ќе има учество и е предвидено во програмата за енергетска ефикасност на станбени објекти. За таа цел ќе се изработи Регистар на станбени згради и Регистар на управители на станбени згради согласно Законот за домување, вклучувајќи ги и енергетските и градежните карактеристики на станбените згради во општина Центар. Јавните повици за заинтересираните граѓани ќе бидат објавени за 10 дена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.