Поставена првата „Еко зона" во општина Центар

„Еко зона"

Општина Центар и колективниот постапувач „Нула отпад“  пред Градскиот трговски центар (ГТЦ) поставија „Еко зона“ која претставува простор за собирање на отпадната електрична и електронска опрема.


На поставувањето на Еко зоната градоначалникот на Центар Саша Богданоивиќ рече дека ова е прва ваква локација на територијата на општина Центар, а директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски ги повика сите стопанственици и сопственици да го складираат малиот електричен и електронски отпад на локацијата за одлагање.

 

Директорот на колективниот постапувач „ Нула Отпад“ Марјанчо Дамески нагласи дека оваа акција е од интерес на граѓаните и истакна дека истата ќе продолжи и во иднина, со цел зачувување на животната средина.


Електричниот и електронскиот отпад иако навидум делува како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина. 


Општина Центар, во соработка со колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје, го продолжува и проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“.

 

Проектот започна во 2016 година со акции во урбаните заедници и континуирано се спроведува трета година по ред.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.