Доделена наградата „Феникс“ на општина Центар

Награда „Феникс“

Добитници на годинешната награда „Феникс“ на општина Центар се Стоилко Стоицев за постигнување во планинарството, Александар Герасимовски за постигнување во уметноста, Марко Костов за постигнување во природните науки, Марко Ристов за постигнување во спортот и Туристичка агенција Атлас Корпорејшн за постигнување во туризмот.


Наградата „Феникс“ на општина Центар се доделува како знак на општествено признание за особени постигнувања од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.


Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, на доделувањето на наградите рече дека „Феникс“ е еден од најдрагите и најбитни проекти, затоа што сакаат да ги наградат и стимулираат оние кои дале свој придонес во развој и афирмација на општината.


Наградата Феникс за прв пат е доделена 2002 година. Наречена е по митолошката птица Феникс која е симбол на општина Центар и се доделува на физички и правни лица жители на општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.