Општина Центар оддвои над 12 милиони денари за реконструкција и одржување на зеленилото

Општина Центар

Наскоро во Општина Центар ќе започне акцијата " За Зелен Центар". Како што информираат од општината за оваа акција до сега се оддвоени 12 милиони и 150 илјади денари за реконструкција и одржување на зеленилото.


Во рамките на акцијата на повеќе локации ќе бидат засадени 5.000 садници.


Како што информира Општина Центар во завршна фаза се подготовките за изградба на парк во Капиштец , кој ќе биде сместен од делот кај Зебра до Беверли Хилс и ќе биде хортикултурно и партерно уреден и со ново осветлување.


Нов парк е предвиден кај Зелен пазар, ќе се обновува зелената површина во Буњаковец позади Универзална сала, ќе се реконструираат жардиниерите и исушените дрвја на Сквер Јадран и ќе се изврши реконструкција на дел од Паркот Франкофонија, како и реновирање на Урбан парк.


Како што информираат од општината ќе се продолжи со практиката за зазеленување на сите слободни површини што може да бидат "маалски" паркови. Со изградбата на овие зелени површини ќе се придонесе за зголемување на квалитетот на воздухот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.