,,Превенција од имотни деликти- кражби во куќи и станови и кражба на возила,, во Општина Центар

Проект за заштита од кражби

Проект за заштита на граѓаните од кражби втора година по ред се организира во Општина Центар. Општината заедно со претставници од МВР денеска делеа флаери со едукативна содржина и им укажуваа на граѓаните како да го заштитат својот дом или автомобил од кражба.

 

Втора година по ред во Општина Центар се реализира проектот ,,Превенција од имотни деликти- кражби во куќи и станови и кражба на возила,,. Овој проект кој има за цел да се зголеми свеста кај граѓаните за поголема заштита од кражби се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и претставници на Полициската станица Центар денеска делеа известувања со едукативна содржина и упатија апел до граѓаните да се заштитат од кражби.


Општина Центар и ПС Центар предупредуваат вратите и прозорците на становите да бидат затворени, да не се дозволува непознато лице да влегува во нечиј дом, да се чуваат вредните предмети на сигурно место и да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително. Основна цел на проектот е да се зголеми информираноста на граѓаните, подобрување на безбедносната состојба на територијата на Општина Центар, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност на граѓаните, соработка и зголемена доверба на граѓаните во полицијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.