Награди за најбрзите и највештите велосипедисти од основните училишта во Центар

Натпревар во возење велосипед

Денеска, учениците од основните училишта во општина Центар се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Најдобрите шестмина добија пригодни награди, а две училишта од општина Центар, ООУ Коле Неделковски и Гоце Делчев, добија велосипеди. Настанот беше дел од проектот “Цел Центар на Точак“.


Проектот за сообраќајно воспитување, кој се изведуваше во секое училиште во општината, за учениците од 6-то до 9-то одделение, е со цел да се зголемат капацитетите на децата како активни учесници во сообраќајот. На учесниците им беа посочени предностите од користењето велосипед, како и правилата за безбедно учество во сообраќајот.

 

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, честитајќи им на најдобрите и највештите, им посочи дека општината води грижа и секогаш ќе ги поддржува активностите и проектите за најмладите, за поздрав живот и нивна безбедност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.