Наградени најдобрите воспитувачи, негуватели и стручни соработници во општина Центар

Општина Центар

Награди за најдобар воспитувач, негувател, а за прв пат оваа година и за најдобар стручен соработник беа доделени денеска на завршна манифестација во матичниот објект на градинката „13 Ноември“ во општина Центар.


- Една стара кинеска поговорка вели „Детскиот живот е како парче хартија на кое секој остава белешки“, а јас би додала дека највпечатливи и најтемелни белешки се оние што децата ги добиваат од своите воспитувачки и од своите негувателки, истакна директорката на градинката 13 Ноември, Лидија Пецева.


Оваа манифестација се одржува традиционално петта година по ред, пред се како мотивација за трудот и вложувањата кои вработените во детските градинки го даваат на најмладите.


Во оваа пригода, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, им честиташе на наградените, посочувајќи дека тој и општината секогаш стојат на располагање на потребите на детските градинки пред се, како што рече, заради тоа што децата се нашата иднина и движечка сила во целокупниот општествен процес.


За најдобар воспитувач се прогласени Маријана Поповска, Сашка Михајловска, Оливера Ѓоревска, од градинката „Кочо Рацин“, Анета Симоновска, Ружица Буџовска и Благица Чаневска од „13 Ноември“ и Роса Цветановска, Јелена Вангелова од градинката „Раде Ј. Корчагин“.


Наградата за најдобар негувател ја добија Даниела Митиќ, Кристина Гермовска и Нешка Поповска од градинката „Кочо Рацин“, Анета Живановска, Сузана Галовска, Анета Милановска од градинката „13 Ноември“, како и Ана Јанева и Кристина Павлова од градинката „Раде Ј. Корчагин“.


За најдобар стручен (со)работник награди добија Катерина Бутлеска Илиќ од „13 Ноември“, Перихан Бекир од „Кочо Рацин“, и Ивана Мирчевски од детската градинка Ивана Мирчевски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.