Започна реконструкција на улицата „Капиштец“

Реконструкција на улицата „Капиштец“

Општина Центар ја започнува комплетната реконструкција на улицата „Капиштец. Оваа улица на Водно, ќе добие лик каков што заслужуваат граѓаните, најави на прес конференција градоначалникот Саша Богдановиќ. Реконструкцијата ќе значи безбедност на учесниците во сообраќајот.


Со овој проект ќе се намали можноста за излевање на поројните води во околните објекти и ќе се овозможи нивно контролирано испуштање во постојната атмосферка инфраструктурна мрежа.


На улицата ќе се постави асфалт со дебелина од 4 см, нови рабници во должина од 320 м со кои ќе се оформат нови тротоари изработени од бетонски префабрикувани елементи со површина од 360 м², информираат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.