ПОЦ ќе ги отстранува сите непрописно поставени паркинг блокатори и рампи

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Општина Центар и Министерството за внатрешни работи ќе започне акција за отстранување на сите непрописно поставени паркинг блокатори и рампи на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

 

ЈП ПОЦ ги известува сите граѓани кои имаат непрописно поставени паркинг блокатори и рампи на јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ да ги отстранат во најкус можен рок, во спротивно истите ќе бидат отстранети од страна на службите на Општина Центар и МВР, а за непрописното поставување ќе следат и соодветни санкции.

 

Оваа акција се спроведува со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се обезбеди подеднаков пристап за сите корисници на јавните паркиралишта и јавните површини на територија на Општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.