All for Joomla All for Webmasters

Нов асфалт и осветлување на дел од ул. „Самоилова" на Кале

 

Нов асфалт и улично осветлување се ставени на крак од улицата „Самоилова“ на Кале, кој води до Музејот на современа уметност. 

Реконструираниот дел на улицата е со површина од 3.200 метри квадратни и должина од 500 метри.

Општина Центар соопшти дека стариот, дотраен и оштетен асфалт е заменет со нов и висококвалитетен и дека кракот од оваа улица е реконструиран по повеќе од 20 години во соработка со Град Скопје.

- На улицата „Самоилова“ има и ново улично осветлување, а поставена е и нова хоризонтална сигнализација со цел да се обезбеди поголема безбедност на пешаците и нормален тек на сообраќајот на возилата, информира општина Центар, најавувајќи реконструкција и на улиците „Димитар Пандилов“ и „Ганчо Хаџи-Панзов“.

Во тек е санација на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало и на улиците „Петричка“ и „Велешка“, а привршува и реконструкцијата на улицата „171“ во населбата Крњево. 

 

 

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.