ПОЦ ќе ги ажурира податоците на затворените паркиралишта

ЈП Паркинзи на Општина Центар од денеска започнува со ажурирање на податоците на корисниците на затворените паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

 

Како што информираат од претпријатието ажурирањето се прави  заради подобрување и унапредување на паркинг услугите, а со цел обезбедување повеќе слободни паркинг места за жителите. Од претпријатието велат дека сите корисници на затворените паркиралишта ќе бидат информирани преку смс порака и ќе треба лично да дојдат во дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар со документите потребни за добивање на кориснички договори за паркинг. Ажурирањето на податоци ќе започне од паркиралиштето „Дом на градежници“, а во наредните два месеца ќе се спроведе и на останатите две затворени паркиралишта „Аутомакедонија“ и „Трготекстил“.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.