Нов ракометен клуб "Солидарност 1978"

"Солидарност 1978"

Во Општина Гази Баба се промовираше новиот ракометен клуб ,,Солидарност 1978,,, на која покрај претставници од Град Скопје, Општина Гази Баба и АМС присуствуваше и нашиот познатиот ракометар Стевче Алушевски.

 

Во спортската сала "Крсте Мисирков" во населбата Ченто во Општина Гази Баба беше промовиран новиот ракометен клуб "Солидарност 1978". На промоцијата на новиот клуб свое обраќање имаше претставник од ракометниот клуб, кој се заблагодари на Град Скопје, Општина Гази Баба и Агенцијата за млади и спорт за несебичната помош и поддршка за возобновување на овој клуб.

 

 Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски  изјави дека општина Гази Баба секогаш дава поддршка на спортот и спортските активности и го честиташе почетокот на новиот спортски клуб и посака многу успеси. 

 

Свечената промоција на новиот ракометен клуб беше збогатена со присуството на нашиот познатиот ракометар Стевче Алушевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.