Пуштени во употреба подземни контејнери во општина Гази Баба

Подземни контејнери

Систем со три нови подземни контејнери беше промовиран денеска во населбата Триангла во Општина Гази Баба. Градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба упатија апел до граѓаните да се се уништуваат подземните контејнери и отпадот да се фрла во отворите, а не да се остава покрај контејнерите.

 

Во населбата Триангла во општина Гази Баба денеска беа пуштени во употреба системи со три подземни контејнери со зафатнина на секој контејнер од 3 кубни метри, од кои два за мешовит отпад од домаќинството и по еден контејнер за ПВЦ амбалажа. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека Градот Скопје, ЈП ,,Комунална хигиена,, и општините во градот Скопје продолжуваат со проектот поставување системи со подземни контејнери, кој почна во 2013 година.


Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски истакна дека склучени се договори за поставување подземни контејнери на уште три локации со што ќе бидат вкупно девет локации со подземни контејнери во оваа општина.


Вкупната инвестицијата на овој проект изнесува 6,6 милиони денари и во неа подеднакво по 2,2 милиони денари учествуваат Градот Скопје, ЈП ,,Комунална хигиена,, и Општина Гази Баба, а по толку ќе вложуваат и општините во коишто ќе се поставуваат овие системи за подземни контејнери. Градоначалниците упатија апел до граѓаните да се се уништуваат подземните контејнери и отпадот да се фрла во отворите, а не да се остава покрај контејнерите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.