Гази Баба одвои 500 илјади денари за фудбалски прволигаш ,,Скопје,,

Општина Гази Баба

Општина Гази Баба на последната седница на Совет донесе одлука покрај предвидените 200.000 да одвои дополнителни 300.000 денари за фудбалскиот клуб Скопје.

 

На последната шеесет и втора седница на Советот на општина Гази Баба, беа усвоени сите точки од дневниот ред, помеѓу кои беше донесен и Ребалансот на Буџетот на Гази Баба за 2017 година. По предлог на градоначалникот Тони Трајковски, во Програмата за млади и спорт за подрачјето на општина Гази Баба за 2017 година, во делот на средства за тековни активности на спортските друштва“ кај ,,Фудбалскиот Клуб Скопје,,, на веќе предвидените 200.000,00 денари беа усвоени уште 300.000,00 денари. Со ова, општината во Буџетот за 2017 година за ФК Скопје, единствениот прволигашки клуб од Гази Баба, за тековни активности издвои 500.000,00 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.