Тони Трајковски го презентираше сработеното во изминатите 4 години

Општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски денеска ги презентираше проектите кои се реализирани во оваа општина во изминатите 4 години. Тој нагласи дека е работено на стотици проекти кои ги подобриле условите за живот на своите граѓани.

 

Изминативе четири години во Општина Гази Баба се работеше на реализација на стотици проекти кои ги подобрија условите за живот на граѓаните. Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски. Тој нагласи дека од 318 предложени проекти во 2013 година, досега се реализирани 292 проекта или 92 отсто. Дополнително се реализирани уште 76 проекти како резултат на барањата на граѓаните. Трајковски презентира дел од реализираните проекти. Асфалтирани се 82 улици во должина од 36 километри во повеќе населени места, тампонирани се улици во должина од 59 километри. Изградени се тротоари, пешачки патеки и плоштади во површина од 19.650 метри квадратни во населбите Кирил Петрушевски, Маџари, Триангла, Автокоманда, Железара, Ченто. Исто така досега на територијата на Гази Баба изградени се повеќе паркиралишта, водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе населени места.


Трајковски ги потенцираше проектите од значење на младите жители како што е изградбата на ново основно училиште во Железара, во градба е ОУ Вера Јоциќ во Хиподром и реконструирани се сите 15 основни училишта. Изградена е градинкатаМорковче,, а реконструирани се 10 објекти на градинките ,,Детска радост,, и ,,25 Мај,,. Исто така изградени се повеќе спортски и детски игралишта и една спортска сала, а со јавно-приватно партнерство во соработка со спортскиот клуб ,,Вардар,, изграден е најмодерен тренинг камп за фудбал. Трајковски најави дека до крајот на годинава ќе се асфалтираат улици во Трубарево, Јурумлери, Идризово, ќе се продолжи со изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев, Јурумлери, Црешево и Смилковци, а издвоени се средства и за откуп на земјиште за изградба на градинка во Стајковци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.