Од 28 до 30 август фудбалски турнир „Гази Баба Куп 2017“

„Гази Баба Куп 2017“

На три локации во Скопје од 28 до 30 август ќе се одржува фудбалскиот турнир ,,Гази Баба Куп 2017,, на кој ќе учествуваат околу 1.800 млади фудбалери од Македонија и регионот.


Вкупно 1.800 млади фудбалери од 96 екипи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгарија ќе се учествуваат на „Гази Баба Куп 2017“ што ќе се одржи од 28 до 30 август годинава во Скопје.


Децата од генерациите 2007, 2006, 2005 и 2003 година ќе играат на два фудбалски терени во Комплекс „Петар Милошевски“ во Аеродром, фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и на фудбалскиот терен на ФК „Вардар“ во Хиподром.


„Гази Баба Куп 2017“ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор“, под покровителство на општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, и е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Амбасадата на Република Словенија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.