Започна новата учебна 2017/2018 година и во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба

759 првачиња денеска за прв пат седнаа во училишните клупи во основните училишта на територија на општина Гази Баба. Денешниот прв училишен ден Градоначалникот Тони Трајковски го искористи да го посети ОУ ,,25 Мај,, и ОУ,,Крсте Мисирков,, каде на сите првачиња и ученици им посака успешна учебна година, а и во останатите училишта во општината беше организиран свечен прием за првачињата.

 

Со првото училишно ѕвонче денеска започна новата учебна 2017/2018 година. И во општина Гази Баба денеска започна првиот училишен ден. На територија на општина Гази Баба има 11 основни училишта со околу 7150 ученици, а годивана се запишаа 759 првачиња. По тој повод Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, на првиот училишен ден ги посети ОУ ,,25 Мај,, и ОУ,,Крсте Мисирков,, каде ги поздрави првачињата и им посака успех во учењето. Успешна училишна година им посакува и на сите ученици во сите училишта во општината.


И во ОУ ,,Стив Наумов,, во Автокоманда за првачињата беше подготвена приредба со која ги пречекаа новите ученици. Годинава во ова училиште запишани се 101 прваче, а вкупно се 900 ученици. Како што истакна директорот Александар Каровски училиштето е подготвено за новата учебна година и најави дека следната година училиштето ќе го прослави јубилејот 70 години постоење.


Во текот на летниот период основните училишта и општина Гази Баба преземаа активности за реконструкција и санација на објектите, со цел подобрување на условите за работа и учење на учениците. Градежните зафати се одвиваа најмногу во летниот период во сите училишта за внатрешно и надворешно уредување на објектите со цел подобрување на условите за работа и овозможување на подобро одвивање на воспитно образовниот процес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.