Се асфалтираат улици во Булачани, Општина Гази Баба

Општина Гази Баба

Во тек се градежни активности за асфалтирање на улици во населеното место Булачани, информираат од Општина Гази Баба. Се реконструираат улици кои беа оштетени во поплавата.

 

Во населеното место Булачани се асфалтираше улицата 5 во должина од 400 метри и ширина 3,5 метри. Како што информираат од општина Гази Баба во тек е и подготовка за асфалтирање на ул. ,,Булачани,, во должина од 800 метри и ширина од 4,5 метри. Реконструкцијата на овие улици спаѓа во проектот за санација и реконструкција на патишта и улици во поплавение подрачја во општина Гази Баба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.