Тракторист тешко повреден откако паднал во дупка

Тракторист тешко повреден

Тракторист од скопско Стајковци е тешко повреден вчера откако со трактор паднал во дупка длабока 30 метри.


МВР соопшти дека М.П.(52) од Стајковци околу 14 часот над манастирот во с.Виниче-Скопје на м.в.„Стајков вир“, управувајќи трактор ИМТ изгубил контрола и паднал во дупката по што удрил во дрво. 


М.П. со тешки телесни повреди (фрактура на рбетен столб) и во животна опасност бил пренесен во Ургентен центар Скопје-КАРИЛ каде е задржан на лекување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.