Одбележан 41 роденден на о. Гази Баба

Општина Гази Баба

Со пригодна свеченост денеска општина Гази Баба го одбележа 41-от роденден. На свеченоста пред големиот број присутни се обрати и новиот градоначалник на општината Борис Георгиевски кој ги најави идните проекти што ќе се реализираат до крајот на оваа година и проектите во следната година. Градоначалникот Георгиевски рече дека општина Гази Баба ќе биде отворена и услужна општина за сите нејзини жители.


Градоначалникот Георгиевски најави дека во 2018 година ќе започне проектот за гасификација на општината, потоа со решавање на останатите инфраструктурни проекти со асфалтирање на локалните патишта во должина од 20 км, ќе биде пуштено новото училиште Вера Јоциќ, изградба на три нови градинки во Стајковци, Сингилиќ и Керамидница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.