Раштак од утре ќе добие чиста вода за пиење

Раштак ќе добе чиста вода за пиење

Раштак ќе добе чиста вода за пиење. Водоводниот систем и резервоарот се исправни, а секундарната мрежа е во испитување, по што следува пуштање на чиста вода до сите домаќинства од ова населено место. Водата која ќе стигнува до домаинствата е третирана на најпрофесионален начин со пречистителни станици.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска информираше дека населението од Раштак веќе од утре ќе добие чиста вода за пиење, со што проблемот со недостаток на чиста вода ќе биде надминат. Како што истакна Георгиевски водоводниот систем е исправен, сите каптажи и резервоарот од 120 м3, а секундарната мрежа е во испитување. Исто така во ова населено место во тек е поставување на водомери на домаќинствата кои се 150 на број, а со чиста вода ќе бидат снабдени околу 400 жители на Раштак. Водата која ќе стигнува до домаинствата е третирана на најпрофесионален начин со пречистителни станици.


Градоначалникот Георгиевски истакна дека за Раштак се предвидува и нов зафат, односно од досегашните 3 литри во секунда, ќе се обезбедат дополнителнни 10 литри во секунда со што трајно ќе се реши проблемот со водоснабдување со чиста вода. Освен за Раштак активностите ќе продолжат и за останатите места кои немаат чиста вода а тоа се еден дел од Булачани и Страчинци. Жителите на Раштак претходно се снабдувале со каптажи од изворите на Скопска Црна Гора, а во 1972 година во Раштак бил изграден првиот водоснабдителен систем, но поради застареноста на секундарната мрежа и зголемувањето на капацитетот на населението и викендиците се создал проблем со недостаток на вода кој сега е надминат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.