Посета на Амбасадорот на Р. Франција во о. Гази Баба

 Општина Гази Баба

Градоначалникот Борис Георгиевски, денеска имаше средба со Амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние, и со деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.


На почетокот на средбата, градоначалникот Георгиевски му ја претстави личната карта на оштината Гази Баба на Амбасадорот Тимоние и неговата заложба за реализирање на проекти, кои ќе го подобрат животот на граѓаните во општината, посебно осврнувајќи се на проектите од инфраструктурата.


На средбата Амбасадорот се забалагодари за поддршката при реализацијата на Проектот за изградба на најсовремено музичко студио за снимање на филмска музика, кој се наоѓа во Автокоманда, со што ќе се направи промоција на светско ниво на општината и Република Македонија. Градоначалникот Георгиевски потенцираше дека со домашна и странска инвестиција е единствен исчекор за иднината, во секој сегмент на делување во општината. Исто така, Градоначалникот и деканот Дујовски, разговараа за заедничката успешна соработка и за проекти кои би се реализирале во иднина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.