Започнаа училишните спортски лиги во Општина Гази Баба

Училишни спортски лиги

Во општина Гази Баба денеска започнаа спортските училишни лиги кои годинава се одржуваат по 12-ти пат. Во спортските игри се вклучени сите основни училишта со вкупно 1500 ученици кои ќе се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини.


Во спотрската сала на ОУ Наум Наумовски Борче од општина Гази Баба денеска беше означен стртот на почетокот на 12-те по ред училишни спортски лиги во кои се вклучени децата од одделенска настава. Во спортските игри се вклучени сите 11 основни и едно подрачно училиште со вкупно 1500 ученици кои ќе се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини. Целта на овие активности е да се спроведуваат што повеќе вакви активности за децата од одделенска настава, бидејќи овие деца се базата од каде што ќе произлезат понатаму врвни спортисти.

 

Градоначалникот на Општина ГАзи Баба Борис Георгиевски истакна дека со ваквите настани се анимираат децата што повеќе да се занимаваат со спортски активности, а на крајот од спортските училишни лиги на најдобрите ќе им бидат доделени пехари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.