Започна целосна обнова на улица 28 во Сингелиќ

Обнова на улица во Сингелиќ

Интензивно се работи на изведба на водоводна, канализациона и атмосферска мрежа на улица 28 во Сингелиќ. По завршувањето на градежните работи оваа улица ќе биде и целосно асфалтирана.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација, Душко Васковски извршија увид во градежните активности, кои деновиве екипи на општина Гази Баба и ЈП Водовод и канализација ги извршуваат. Исто така во тек е изведба на водоводна, канализациона и атмосферска мрежа на улица 28 во Сингелиќ. По завршувањето на овие активности, ќе се изврши и асфалтирање на целата улица. Деновиве, општината во координирана акција со екипи од ЈП Водовод и канализација, работат во две смени на терен, со цел побрзо поставување на целосна водоводна, канализциона и атмосферска мрежа, по што улицата ќе биде подготвена за асфалтирање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.