Се чистат дивите депонии и јавните површини во Општина Гази Баба

Акција за чистење на Гази Баба

Акција за чистење на дивите депонии и јавните површини се спроведува во Општина Гази Баба. Во акцијата се вклучени вработените во јавните комунални претпријатија, општинската администрација, граѓани и доброволци преземени од Агенција за вработување преку Градот Скопје.

 

Општина Гази Баба во соработка со Градот Скопје и Јавните претпријатија спроведува акција за чистење на дивите депонии и јавните површини на територија на општината. Во текот на вчерашниот и денешниот ден се чистат депонии на 13 локации низ општината, каде има комунален отпад, во Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Ченто, Маџари и Хиподром. Вкупно во текот на вчерашниот ден беа собрани повеќе од 400 тони отпад, а во текот на денешниот ден се очекува да се соберат повеќе од 300 тони отпад. Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски истакна дека оваа акција ќе продолжи и во наредниот период и упатува апел до граѓаните да ја чуваат чиста животната средина.


За оваа акција се ангажирани вкупно 260 лица доброволци преземени од Агенција за вработување преку Градот Скопје за акциите за чистење кои се спроведуваат во сите скопски општини, како и дополнителни 150 лица од јавните претпријатија, општинската администрација, Природно- математичкиот факултет, Земјоделскиот и Хемискиот факултет, студенти од домот ,,Стив Наумов,, и граѓани од општината.


Општинско комуналното претпријатие Гази Баба 2007 обезбеди целосна логистика за собирање и пренос на отпадот кој денеска се собира од јавните површини и зеленило.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.