Спречено донесувањето на нацрт буџетот во о. Гази Баба

Општина Гази Баба

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја блокираше седницата во општина Гази Баба. Како што информираше градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски, советниците поради солидарност со притворените учесници на настаните во Собранието на 27, на предлог од претседателот на Советот поддржан од советниците од ВМРО-ДПМНЕ, беше спречен да се донесе нацрт буџетот на општината.


Градоначалникот Георгиевски додаде дека овие проекти се во интерес на подобри услови за живот на граѓаните. Тој посочи дека заедно со администрацијата во општина Гази Баба и советниците од советничката група на СДСМ и коалицијата, во текот на оваа недела ќе ги завршат сите планирани средби со граѓаните, бизнис секторот и невладините организации. Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ продолжат со блокирањето на буџетот ќе се премине на мерката за времено финансирање на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.