Наградени најдобрите од општинскиот квиз за противпожарна заштита во о.Гази Баба

Квиз за противпожарна заштита

Денеска во Општина Гази Баба беа доделени наградите за најдобрите екипи во категоријата кадети и на ученици кои имаа најдобри литературни и ликовни творби на 33-от општински квиз по противпожарна заштита и литературниот и ликовниот конкурс на истата тема.

 

Општина Гази Баба денеска беше домаќин на најдобрите учесници од 33-от општински квиз по противпожарна заштита кој се одржа во ОУ,,Крум Тошев,, во Трубарево на кој учествуваа сите општински основни училишта. Награди и дипломи им беа доделени на најдобрите екипи во категоријата кадети и на учениците кои имаа најдобри литературни и ликовни творби на тема противпожарна заштита. Првото место во категоријата кадети кои ја освоија наградта на општинскиот противпожарен квиз е ОУ Дане Крапчев, второто место им припадна на екипата од ОУ ,,Стив Наумов,, и третото место на ОУ,,Крум Тошев,,. Ученичката Драгана Петрова од ОУ Крсте Мисирков го освои првото место на конкурсот за најдобри творби, а од конкурсот за ликовните творби првото песто и припадна на ученичката Ангела Димитриевска од ОУ Наум Наумовски Борче. Наградите на кадетите ги додели градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски кој истакна дека и во иднина ќе ги поддржува креативните идеи на младите.


Писателот Горјан Петревски кој денеска ги додели наградите и дипломите за најдобрите литературни творби истакна дека превентивата од пожари постојано се наметнува, а пораките кои ги упатуваат децата треба да се почитуваат.


Претседателот на општинскиот противпожарен сојуз на градоначалникот Борис Георгиевски на денешниот настан му додели симболична награда противпожарен апарат за поддршката во организирањето на општинскиот квиз натпревар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.