Доделени стипендиите за најталентирани ученици и спортисти од Општина Гази Баба

Стипендии за основци од Гази Баба

Градоначалникот Борис Георгиевски декенска додели 20 стипендии за талентирани спортисти и ученици од основните училишта од општина Гази Баба, за учебната 2017/2018 година.

 

Дваесет талентирани спортисти и ученици од основните училишта од општина Гази Баба добија стипендии за учебната 2017/2018 година. Стипендиите денеска им ги додели градоначалникот на општината Борис Георгиевски кој им посака успех и им порача дека нивната работа е да обезбедат квалитетни услови за одржување на воспитно образовниот процес, а работата на учениците е да учат и да се надградуваат.


Во насока на подобрување на условите за одржување на квалитетна настава, градоначалникот Георгиевски додаде дека во тек е изградба на новото основно училиште ,,Вера Јоциќ,, во Хиподром, а во план е реконструкција на основното училиште ,,Крсте Мисирков,, во Ченто, изградба на две училишни спортски сали во Хиподром и Стајковци, како и санација на сите основни училишта. Стипендии за најталентирани спортисти добија учениците: Петар Давидовски, Ана Пејиќ, Борјан Давковски, Милијана Рељиќ, Елеонора Митковска, Мерис Зверотиќ, Едон Реџепи, Никола Јорданов и Ангела Димитриевски, а стипендии за најталентирани ученици добија: Марија Петковска, Драган Николовски, Филип Велковски, Павел Наневски, Стефан Савиќ, Ангела Влинтовска, Сара Тошевска, Сања Филиповска, Антонио Илиоски, Марија Филипова и Трингла Емини.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.