Семинар за таекводно со Гранд Мастер Сакис во Општина Гази Баба

Семинар за таекводно во Гази Баба

Во организација на таекводно клубот Ахилиус со поддршка на Општина Гази Баба се одржа семинар за таекводно на кој свое предавање за новините во таеквондо имаше Гранд Мастер Сакис од Грција, врвен таеквондо мајстор. Градоначалникот Борис Георгиевски кој го посети семинарот истакна дека поддршката на општината за развојот на спортот ќе продолжи и понатаму.

 

Тренинг семинар во кој учествуваа сите таеквондо клубови од Општина Гази Баба се одржа викендов во спортската сала ,,Методија Андонов - Ченто,, во населбата Маџари во организација на таеквондо клубот ,,Ахилиус,, со поддршка на општина Гази Баба. На овој таекводно семинар кој е од голема важност за клубовите, предавања за новитетите во таеквондото беа презентирани од Гранд Мастер Сакис Тсиомпанаоглу од Грција, врвен таеквондо мајстор со големо искуство во овој спорт.


Градоначалникот Борис Георгиевски кој присуствуваше на овој семинар нагласи дека општина Гази Баба е голем поддржувач во развојот на спортот и дека е особено среќен што токму од Гази Баба има спортисти кои се дел од таеквондо репрезентацијата на Македонија. Тој нагласи дека Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи да ја дава својата максимална поддршка во развојот на спортот за создавање на здрава младина. За таа цел тој најави реконструкција на спортските игралишта низ општината како и изградба на спортски комплекс во Црешево.


Тренерите на клубовите од Општина Гази Баба ,,Тигри,, ,,Ахилиус,, и ,,Феникс,, велат дека пред се сакаат да ги тргнат децата од улица и правилно да ги насочат. Тие верууваат во нив и на бројни натпревари во и надвор од Македонија постигнуваат одлични резултати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.