Донесена одлуката за изградба на вакуум канализациската мрежа во Јурумлери

Општина Гази Баба

Одлуката за изградба на вакуум канализациската мрежа во Јурумлери која претходно беше блокирана од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат е донесена, а како што информираат од Општина Гази Баба одлуката е донесена благодарение на жителите на Јурумлери кои на јавна дебата извршиле притисок врз советниците за донесување на одлуката.

 

Општина Гази Баба ја донесе одлуката за изградба на вакуум канализациската мрежа во Јурумлери, откако претходно беше блокирана од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не ја изгласаа одлуката на Совет. Како што информираат од општината, одлуката е донесена благодарени на жителите на Јурумлери кои на јавна дебата за изградбата на вакуум канализациската мрежа извршиле притисок врз советниците на ВМРО кои претходно ја блокираа оваа одлука. Градоначалникот на Општина Гази Баба информира дека заедно со граѓаните ќе се гради плански за сите и ниту една блокада во иднина нема да биде пречка да се реализираат капиталните проекти во интерес на сите граѓани и за таа цел праксата на организирање јавни дебати со граѓаните за спроведување на проектите кои се во интерес на општината и граѓаните ќе продолжи и понатаму.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.