Одржана крводарителна акција во Општина Гази Баба

Крводарителна акција

Акција за дарување крв денеска се одржа во просториите на општина Гази Баба. На акцијата крв даруваше и градоначаникот Борис Георгиевски, на кого ова му е 29-то по ред дарување крв. Целта на акцијата е да се покаже хуманоста и солидарноста на граѓаните преку дарување крв која може некому да спаси и живот, а ваква акција ќе има уште два пати во годината.

 

Општина Гази Баба и оваа година ќе ги спроведе трите традиционални крводарителни акции. Денеска во просториите на општина Гази Баба, општината во заедничка соработка со општинската организација на Црвениот крст Гази Баба и Центарот за трансфузиона медицина организираа едноденвна акција за дарување крв. Во акцијата која беше од отворен тип се вклучија граѓани од општината, дел од општинската администрација како и градоначалникот Борис Георгиевски кој даруваше крв, а со тоа помогна да се зголемат крвните единици на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.


Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски ја истакна важноста од организирање на вакви акции, бидејќи секоја капка крв е скапоцена и може да спаси нечиј живот. Ова е прва од предвидените три крводарителни акции во Општина Гази Баба, втората ќе се организира на почетокот на месец јуни, а третата во ноември по повод денот на општината. Најмасовна акција е акцијата за денот на општината, а на денешната акција крв даруваа околу 30-тина граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.