Нова урбана опрема и хортикултурно уредување во училиштата и градинките во Општина Газа Баба

Општина Газа Баба

Со поставување нова урбана опрема и хортикултурно уредување на дворот на ОУ ,,Крум Тошев,, во Трубарево, Општина Гази Баба ја почнува акцијата за уредување на дворовите и зелените површини во сите основни училишта и детски градинки на нејзина територија.

 

Општина Гази Баба започна со активности за уредување на дворовите во основните училишта кои се на нејзина територија. За таа цел екипите на ЈКП,,Гази Баба 2007,, поставија нова урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци во ОУ ,,Крум Тошев,, во Трубарево. Исто така од страна на екипите на комуналното претпријатије хортикултурно беше уреден и дворот на училиштето. Од Општина Гази Баба информираат дека со вакви акции ќе се продолжи и во останатите училишта, но и во детските градинки. Целта на оваа акција е сите основни училишта и градиките да имаат безбедни и уредени зелени дворни површии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.