Акција за собирање електронска и електрична опрема во Гази Баба

Еко акција во Гази Баба

Од денеска граѓаните ќе имаат можност правилно да се ослободат од малите неисправни елелктрични и електронски уреди во Еко зоната поставена на просторот меѓу ОУ,,Стив Наумов,, и пазарчето во Автокоманда во Општина Гази Баба. Оваа Еко зона е дел од големата акција на Нула Отпад и Општина Гази Баба за собирање на ваквиот отпад од домаќинствата и компаниите на територија на општината.

 

Општина Гази Баба во соработка со Нула Отпад започнува голема акција за собирање отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата и компаниите на територија на општината. Потребата на граѓаните и компаниите да се ослободат од старите уреди придонесе да се постави Еко зона во општината и тоа на просторот меѓу ОУ ,,Стив Наумов,, и пазарчето во Автокоманда. Во оваа Еко зона граѓаните ќе имаат можност правилно да се ослободат од малите неисправни уреди или пак за погабаритен отпад може да се пријават на Еко линијата на Нула отпад 072 236 000 и директно од домовите или компаниите да се погигне отпадот. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека ја поддржува оваа акција и ги повика жителите да се приклучат кон истата и правилно да го одлагаат својот електричен и електронски отпад.


Ова е континуиран проект кој ќе се спроведува на територија на општина Гази Баба, во соработка со урбаните и руралните заедници и колективниот постапувач Нула Отпад. Директорот на Нула Отпад, Марјанчо Дамески истакна дека за граѓените кои имаат електричен или електронски од поголем обем освен што ќе може да пријават за да се собере отпадот од нивниот дом или компанија, ќе има и организирани акции за кои подетално ќе информираат.


Планот на колективниот постапувач е во иднина во сите институции во оваа општина да постават садови наменети за отпадни батерии и со тоа да ја реализираат целта, а тоа е здрава животна средина и здрав живот за секого. Вакви Еко Зони освен во Гази Баба, поставени се и во општините Аеродром и Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.