Плакети за повеќекратните дарители на крв во општина Гази Баба

Плакети за дарители на крв

Општинската организација на Црвениот крст ,,Гази Баба,, во 2017 година од вкупно планираните 2.835 единици крв има собрано 4.439 единици крв, што претставува за 56% повеќе од планираното и е втора општина во Македонија со најмногу дарувани крвни единици.

 

Општина Гази Баба и Општинската организација на Црвениот крст ,,Гази Баба,, им доделија плакети и благодарници на повеќекратните дарители на крв на крводарителните акции во Општина Гази Баба. Со ова се одбележа денот на крводарителството. Плакети и благодарници беа доделени на лица кои дарувале крв над 25 пати, над 75 пати и повеќе од 100 пати . Градоначалникот на Општина Гази Баба кој воедно е и крводарител и досега има дарувано крв 29 пати, истакна дека планираната бројка за собрани крвни единици за изминатата година е надмината за 56%, односно од планирани 2.835 единици крв собрани се 4.439 едниници и дека како општина ќе продолжат и понатаму да ги мотивираат своите граѓани што помасовно да учествуваат на крводарителните акции.


Општина Гази Баба е втора општина во Република Македонија, по Општина Центар по бројот на собрани крвни единици и како најдобро организирана општинска организација на Црвениот крст во делот на дарување крв. Проф. д-р Петар Христов, претседател на Општинската Организација на Црвениот крст,, Гази Баба,, кој досега дарувал крв 95 пати изрази благодарност и им порача на крводаритрителите да продолжат со оваа активност.


На територија на Општина Гази Баба има над 5000 активни крводарители, а од нив 2.500 крводарители активно даруваат крв два пати годишно, но радува фактот што секоја година има и нови крворарители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.