Со модернизирање на училиштата ќе се мотивираат учениците во Гази Баба

Модернизирање на училиштата

Модерни училишта, задоволни ученици и родители. Со помош на Банката за обнова и развој при Советот на Европа, како и со Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан обновени и реконструирани се ОУ Наум Наумовски Борче и училиштето ,,25 Мај,, во Општина Гази Баба.

 

Денеска претставници од амбасадите и институциите што финансирале беа во посета на училиштата за да видат што е направено. Особено голема инвестиција има во ,,25 Мај,, каде што помош на средствата направена е целосна дигитализација на училиштето, нова фасада, подот, прозорите. Директорот на училиштето рече дека она што недоставува се дигитални помагала. Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски рече дека училиштето ,,25 Мај,, ќе добие нова спортска сала каде учениците ќе можат во модерни услови да спортуваат и да се изградат во здрави личности, а исто така градоначалникот најави проект за учебната 2019/2020 за училиштето ,,Крсте Петков Мисирков,,. Градоначалникот потенцираше дека со добрите услови во училиштата се мотивираат децата и професорите а за најталентираните ученици најави дека општината ќе додели 20 стипенции за најуспешните ученици.


Министерката за образование и наука Рената Дескоска информираше дека инвестирањето во подобрување на условите во образованието, добрите училници, лаборатории, процтор за рекреација и интеракција со другите ученици дирекно влијае на подобрувањето на постигнувањата на учениците.


Во училиштето ,,25 Мај,, преку проектот за рехабилитација на средни и основни училишта инвестирани се околу 415 илјади евра, од кои околу 300 илјади евра се средства од Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан. Со ова значително се подобрени условите во училиштето, троши помалку енергија за затоплување, хигиената е на повисоко ниво од претходно и објектот има помали трошоци за одржување, а наставниците имаат подобри услови за реализирање на наставно образовниот процес. Амбасадорите кои беа присутни во училиштето рекоа дека ќе продолжат и понатаму да реализираат вакви проекти затоа што ќе се подобри образованието на учениците.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.