Факултетите од Гази Баба со добри можности за идните студент

Општина Гази Баба

Матурантите од Општина Гази Баба имаа можност да се запознаат подетално со програмите и насоките што ги нудат факултетите на територија на Општина Гази Баба, во рамки на Отворените денови што денеска се одржаа на плоштадот Автокоманда.

 

Како што истакна градоначалникот Борис Георгиевски овие отворени денови се организираат за прв пат во општината, за да можат на едно место да се информираат идните студенти за можностите кои ги нудат факултетите. Градоначалникот Георгиевски додаде дека факултетите денес нудат повеќе можности во повеќе области. Станува збор за тешки наставни програм, како што се ПМФ, Земјоделски факултет или Шумарски факултет. Но овие гранки кои ги нудат токму овие факултети се и дефицитарни во државата, а со тоа и понудата за вработување е поголема.


Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски истакна дека идните студент ќе се запознаат со наставните програми кои ги има над 100-тина, кои се кредитирани и усогласени со европскиот кредит трансфер систем и болоњската декларација, кои постојано се осовременуваат за да бидат усогласени на европските препораки и директиви од овие области.


Ректорот Јанкуловски додаде дека интересот на студентите е сеуште задоволителен, така што универзитетот е задоволен со бројот на студентите кои се запишуваат на овие факултети.


Инаку на Отворениот ден имаше претставници од ПМФ, од Шумарски факултет, Ветеринарен факултет, факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер како и Земјоделски факултет.


Покрај презентацијата на факултетите присутните се забавуваа со културно уметничката програма во организација на Општина Гази Баба.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.