18-ти меѓународен карате турнир ,,Солидарност опен,, во Општина Гази Баба

,,Солидарност опен,,

По 18-ти пат во спортската сала Методија Андонов Ченто се одржа меѓунардниот карате турнир ,,Солидарност опен,, на кој градоначалникот Борис Георгевски најави уште поголема поддршка за развој на спортот во општината.

 

Во Општина Гази Баба во спортската сала ,,Методија Андонов Ченто,, во Маџари по 18-ти пат се одржува Меѓународниот карате турнир ,,Солидарност опен,,. Турнирот е во организација на КК Солидарност, поддржан од Општина Гази Баба и Град Скопје. Општината продолжува да го поддржува спортот со доделување типендии за талентирани спортисти, како и поддршка на спортски клубови и здруженија. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека општината наскоро ќе добие две нови спортски сали, едната во ОУ,,Вера Јоциќ,, во Хиподром , а другата во ОУ ,,25-ти Мај,, во Сингелиќ. Исто така се реконструираат спортските игралишта на кои се поставува вештачка трева, а во план е изградба на нови повеќенаменски спортски игралишта, додека пак во Парк шумата Гази Баба ќе биде поставена фитнес зона и заедно со трим патеките ќе биде одлично место за рекреација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.