Повторно поплавување на Стајковци и регионот ќе се спречи со изградба на нов ободен канал

Ободен канал околу скопската обиколница

Во надрените два месеца ќе се чисти Страчинскиот канал кој е нефункционален, неуреден и затрупан со шут, земја и смет после поплавата во 2016-та. Исто така со цел да се спречи повторно поплавување на Стајковци и регионот ќе се гради и нов ободен канал околу скопската обиколница, кој ќе ги прифаќа водите од Скопска Црна Гора.

 

Општина Гази Баба во соработка со АД ,,Водостопанство,, од денеска па во наредните два месеца ќе спроведе акција за чистење на Страчинскиот канал кој е нефункционален и неуреден послед поплавите кои го зафатија овој регион во 2016-та година. На потегот Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани и Раштак ќе се чистат речните корита и ќе се уредат сите суводолици за да се овозможи безбедност на обиколницата и да се овозможи употреба на земјоделските површини и земјоделските патишта кои се нефункционални и се надвор од употреба.


Градоначалникот Георгиевски информираше дека се обезбедени средства од Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на урбанистичка документација и техничка спецификација за изградба на нов ободен канал на северната обиколница со кој ќе се обезбеди безбедност на патниот правец од Хиподром до Бутел и сите води од Скопска Црна Гора ќе одат во новиот ободен канал и ќе се влеваат кај Арачиново.


Исто така до Советот предложено е и усвоено Скопска Црна Гора да се прогласи како планина со ерозивно подрачје, а побарано е од Владата оваа одлука да се усвои, а потоа ерозивниот простор од 300 хектари да се пошуми, да се забрани сечата и постоечките корита и брани да се стават во функција, со цел да не се повтори поплавата од 6-ти август 2016-та година.


Исто така градоначалникот апелираше до граѓаните каналите да не се користат како депонии за ѓубре, ако е потребно ќе се постави привремена депонија со специјални контејнери, кои потоа ќе бидат однесени во Дрисла, а посочи и дека ќе се води грижа за каналскиот систем и сите реки кои ќе се слеваат во ободниот канал да бидат чисти, функционални и ефикасни.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.