Дивите депонии и фрлање отпадоци на јавни површини - најголем проблем на Општина Гази Баба

Општина Гази Баба

Со акција за чистење пред кампусот кај Шумарскиот факултет и со разни активности вои детската градинка Детска радост- објект ,,Сончоглед,, и со делење флаери низ општината за штетноста на пластиката, денеска во Општина Гази Баба се одбележа Светскиот ден за заштита на животната средина.


Светскиот ден за заштита на животната средина денеска во Општина Гази Баба се одбележа со повеќе активности во кои беа опфатени од најмалата возраст, децата од градинките, па се до студентите.


Е.К.О Волонтерскиот клуб и Кариерниот центар при Факултетот за земјоделски науки и храна со повеќе активности денеска во детската Градинка Детска Радост објект ,,Сончоглед го одбележаа Светскиот ден за заштита на животната средина. Овој настан во кој дечињата се едуцираа за селектирање, рециклирање и пренамена на материјалите е дел од глобалната платформа на Кариерниот центат при Факултетот за земјоделски науки и храна, насловена ,,Градинме здрава, безбедна и зелена иднина,, која 4 години се спроведува со цел поголема заштита на животната средина. Од есен ќе започне и нова кампања ,,Ајде да садиме, зелена и оригинална иднина да градиме,, а и ќе се работи на зголемување на процентот на зеленило во урбаните средини со цел да се заштитат граѓаните од загадениот воздух во Скопје.


Свеста за заштита на животната средина кај децата е поголема, додека кај повозрасните е попроблематична, но оди кон подобро. На оваа тема ставот е ист и на Кариерниот центар и на градоначалникот на Општинаа Борис Георгиевски, кој ги поддржува ваквите акции како во градинката, така и акцијата која денеска се спроведе за чистењето на студентскиот кампус кај Шумарскиот факултет и најави дека ќе биде поставена и нова урбана опрема. Сите факултети кои се на територија на Гази Баба работат на една заедничак платформа која набрзо треба да даде резултати.


Денеска низ Општина Гази Баба истот така се делеа флаери со цел да се информираат граѓаните за штетноста на пластиката и ознаките кои ги има на пластичните амбалажи, однодно кои ознаки се за штетната пластика а кои не се. Делењето флаери и информирањето за пластиката е во организација на Здружението на граѓани Екозвон.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.