Во детската градинка ,,Калинка,, во Железара ќе се воведе втора смена

Во детската градинка Калинка во населбата Железара ќе се зголемуваат капацитетите за престој на децата и ќе се воведе втора смена. Општина Гази Баба во соработка со приватни компании ќе ги менува старите и дотраени прозорци и врати во овој објект, а дневниот центар за деца со попреченост кој сега е сместен во простории на градинката ќе се дислоцира во нов објект во Автокоманда.

 

 

Општина Гази Баба во соработка со приватни компании ќе ги подобрува условите во детската градинка Калинка во населбата Железара. Во рамки на активностите кои се планираат да се преземат во овој објект за да се овозможат подобри услови за престој на децата од предучилишна возраст ќе се заменуваат старите и дотраени прозорци и врати со нови, а согласно потребите ќе се обнови и внатрешниот дел од градинката.

 

Покрај реконструкција на објектот Калинка ќе се зголеми и капацитетот за 75 деца со тоа што просториите кои сега ги користи дневниот центар за деца со попреченост ќе бидат предадени на градинката, а нов дневен центар ќе се изгради во Автокоманда. Со ова, како што нагласи градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, ќе се обезбеди и работа во втора смена во градинката.

 

Градоначалникот Георгиевски најави и реконструкција на основните училишта и детски градинки во текот на летниот период. ОУ ,,Крум Тошев,, и ,,Његош,, ќе добијат нов покрив, нови прозорци ќе се поставуваат во ОУ ,,Наум Наумопвски Борче,,, но тековни активности за реконструкција на објектите ќе има и во останатите училМишта и градинки на територија на Општина Гази Баба.

 

Исто така во завршна фаза е експропријација на просторот за изградба на градинка во населеното место Стајковци на ул. 18 на површина од 2000 метри квадратни. Градоначалникот најави дека откако ќе биде завршен овој процес ќе започне изградбата на градинката, која според планот предвидена е да започне во месец август.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.