Утре последен ден за поднесување елаборати за бесправно изградени објекти

Од Општина Гази Баба информираат дека рокот за поднесување  елаборати за бесправно изградени објекти, согласно Законот истекува утре на 30.06.2018 година.

Поради тоа едношалтерскиот систем на општината ќе работи и утре на  30.06.2018 сабота од 08:00 до 16:00 часот.

 

Сите граѓани ќе можат да ги достават геодетските елаборати за барања кои се поднесени во 2015/2016 година и за поднесување  нови барања комплетирани со геодетски елаборати за оние кои имаат добиено веќе решение за одбивање, поради некомплетирање на барањата од 2011 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.