Мултифунционален објект во Сингелиќ за побрзи услуги за граѓаните

Интензивно се работи на комплетна реконструкција на објектот кај игралиштето Фортуна во Сингелиќ кој треба да стане мултифункционален објект и да ги доближи административните услуги до граѓаните.

 

Во овој објект ќе биде сместена и канцеларијата за превенција која градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски ја најави на првата седница на локалниот совет за превенција, која заедно со канцеларијата за превенција во Стајковци треба да стави крај на прекршоците и нарушувањата на јавниот ред и мир кои често се случуваат на овој дел, односно црната точка од Сингелиќ до Стајковци.

 

Со овие две канцеларии за превенција во најкритичните места во Гази Баба се очекува работата на Локалниот совет за превенција и присуството на терен да влијае на безбедноста во општината и да се превенира воопшто да не се случуваат несакани настани со кои се нарушува јавниот ред и мир и се загрозува безбедноста на граѓаните.

 

Во овој објект кој што 20 години бил нефункционален, а после поплавата во август 2016 бил надвор од секаква употреба, покрај канцеларијата за превенција, ќе бидат сместени и месната канцеларија и канцеларија на министерството за труд и социјална политика и тука ќе се издаваат изводи од матичните книги.

 

Целта на мултифункционалниот објект чија што реконструкција треба да заврши до крајот на летото е што поблиску и на побрз начин граѓаните да добиваат услуги.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.