All for Joomla All for Webmasters

Гази Баба освен со Аеродром сообраќајно ќе се поврзува и со Кисела Вода

Започна градежната офанзива во Општина Гази Баба за санација и реконструкција на улици во повеќе населени места.

 

Неделава започната е санација и асфалтирање на повеќе од 21 улица, а се работи на уште 8 улици. Се асфалтираат улици во населено место Инџиково, а се подготвуваат улици за асфалтирање и во Синелиќ, Камник , Железара и Трубарево.

 

Како што најави градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Геогиевски, во населените места Страчинци, Брњарци, Црешево, Булачани, Страчинци и Раштак ќе се асфалтираат улици кои беа оштетени од поплавата, а според најавите на градоначалникот ќе се продолжи со реконструкција на улици и во урбаните места низ општината.

 

Градоначалникот Георгиевски најави дека од септември започнуваат со активности за бул. АСНОМ, кој заедно со Град Скопје треба да се изгради од Скопски саем до хотел Русија, а ќе започнат и со техничко поврзување на булеварот ,,Пролетна офанзива кој што треба да ги спои Хиподром и Кисела Вода, со цел да се создаде побрза врска.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.