Општина Гази Баба ќе го следи примерот за Смарт општина од Трикала

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски се сретна со градоначалникот на општина Трикала, Димитрис Папастергио, на територијата на Грција. На средбата, двајцата колеги разговарале за збратимување на двете општини и идна соработка во имплементација на проектот Смарт Гази Баба, проект кој подразбира модернизација на општината.

 

“Ние ќе црпиме искуства од општина Трикала, која е еден успешен пример за смарт општина, како успешно да се имплементира со една цел, да се модернизира Гази Баба, за да биде уште подобро место за сите граѓани”, посочи Георгиевски при посетата на општина Трикала.

 

Двајцата градоначалници се договорија дека соработката ќе ја продолжат и во областа од економијата, образованието, култура и слично.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.